Vrabotuvanje.com - Познато е кога да го очекуваме првиот снег во Скопје!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Познато е кога да го очекуваме првиот снег во Скопје!

Познато е кога да го очекуваме првиот снег во Скопје!

Според првичните прогнози во Скопје првиот снег би можел да падне на 3-ти декември кога температурите се очекува денски да се спуштат на 4-5 степени, а навечер и до - 4.

Првиот снег воопшто во Македонија неодамна падна на Шар Планина, но метеоролозите засега најавуваат невообичаено топло време кон крајот на октомври и ноември. За среда се најавуваат температури и до 28 степени.

Неодамна синоптичарите излегоа и со долгорочна прогноза за зимава за Балканскиот полустров, при што најавуваат повеќе дождови и невремиња.

Синоптичарите велат дека постојат индикации дека општите бури често ќе ја зафатат јужна Европа оваа зима. Локациите низ Португалија, Шпанија, јужна Франција, Италија и на Балканот имаат почести врнежи од дожд и ветер отколку другите делови на континентот.

Ова може да значи зголемен ризик од обилни врнежи, особено во југоисточна Франција, северо-централна Италија и западен Балкан, каде што припаѓа и Македонија.

Извор Центар

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje