Vrabotuvanje.com - Дали знаете зошто патниците во авионите немаат исти појаси како пилотите и стјуардесите?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали знаете зошто патниците во авионите немаат исти појаси како пилотите и стјуардесите?

Дали знаете зошто патниците во авионите немаат исти појаси како пилотите и стјуардесите?

Пилотите имаат појаси со пет точки, стјуардесите имаат појаси со четири точки, додека патниците имаат само еден едноставен појас.

Според AeroSavvy, појасите околу струкот се дизајнирани да работат во согласност со положбата на седење на патникот. Имено, потпирачите за грб на столовите се таму за да помогнат во апсорпција на ударот и да го спречат телото да достигне опасни брзини - ако авионот наеднаш застане.

Пилотските појаси, од друга страна, се прицврстени на пет точки и имаат дополнителен „подморнички“ ремен за што се протега меѓу нивните нозе, кој е дизајниран да спречи силата на ненадејното слетување да го исфрли нивното тело под контролната табла.

На патниците им е многу полесно неправилно го врзат појасот, случајно или намерно, во обид да се чувствуваат удобно. Плус, дури и додавањето појас за рамо значи дека седиштата ќе треба да бидат потешки за да го држат. Ова е причината зошто положбата на појасот е важна затоа што помага да се намали веројатноста за удирање на задниот дел од столчето пред вас со доволно сила за да се повредите.

Во меѓувреме, стјуардесите имаат појаси кои ги штитат нивните торза и им овозможуваат брзо да излезат од своите седишта за да им помогнат на патниците.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje