Vrabotuvanje.com - Швајцарија го има најдолгиот патнички воз со сто вагони и четири локомотиви
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Швајцарија го има најдолгиот патнички воз со сто вагони и четири локомотиви

Швајцарска железничка компанија објави дека поставила светски рекорд со најдолгиот патнички воз кој поминува низ една од најспектакуларните линии низ Алпите.

Швајцарија го има најдолгиот патнички воз со сто вагони и четири локомотиви

Компанијата Rhaetian Railway  објави дека возот е долг дури 1,9 километри со 100 вагони и четири локомотиви на релација Албула/Бернина од Преда до Бергин.

Како швајцарски часовник: Најдолгиот воз помина низ швајцарските Алпи – Во  Центар

Таа пруга, впишана на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2008 година, минува низ 22 тунели, од кои некои се спирални, преку 48 мостови, вклучувајќи го и познатиот вијадукт Ландвасер.

Патувањето по пругата долга 25 километри трае еден час. Вљубениците во возот можат да го видат и овековечат патувањето со камера.

Швајцарија го има најдолгиот патнички воз со сто вагони и четири локомотиви

Директорот на железницата Ренато Фашати рече дека целта на поставувањето на рекордот е да се истакнат швајцарските инженерски подвизи и да се прослават 175 години швајцарски железници.

Извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje