Vrabotuvanje.com - Од каде се информираме за компанијата кога бараме работа?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Од каде се информираме за компанијата кога бараме работа?

Од каде се информираме за компанијата кога бараме работа?

Истражувањето на потенцијалните работодавачи е од витално значење за ефективно барање работа. Ова истражување е корисно во три клучни моменти за време на барање работа: прво кога одлучувате за каков работодавач сакате да работите, потоа кога сте подготвени да аплицирате и на крајот кога се спремате за интервју.

Постојат различни извори на истражување на компанијата, како на пример преку веб сајтот на компанијата, од огласите за работа кои ги објавува компанијата, или можеби од информации од google од различни извори.

Направивме истражување во која ги прашавме посетителите на нашиот сајт: Од кој извор на информации се информирате кога истражувате за некоја компанија во која сакате да се вработите?

8% од испитаниците како опција избрале дека за компанијата во која сакаат да се вработат се информираат од поранешни вработени во компанијата. А 9% од сегашни вработени во компанијата.

24% од испитаниците се изјасниле дека најчесто се информираат од огласите кои ги објавува компанијата, а 25% се изјасниле дека се информираат од google од различни извори.

Најголем дел од испитаниците (34%) се информираат од веб сајтот на компанијата.

Во тек е нашата нова анкета: Дали компанијата во која работите спроведува истражување за задоволство на вработените? Ги очекуваме вашите одговори и коментари на ЛИНКОТ.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje