Vrabotuvanje.com - Маск за вработените во Твитер: Нема веќе работење од дома
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Маск за вработените во Твитер: Нема веќе работење од дома

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, преку е-пошта ги известил вработените во компанијата да се подготват за „тешките времиња што претстојат“ и дека работата од дома е забранета, освен ако тој лично не го одобри тоа, објави денеска „Bloomberg News“.

Маск за вработените во Твитер: Нема веќе работење од дома

Новите правила, кои стапуваат на сила веднаш, бараат од вработените да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно, додаде Маск во е-поштата што ја видела агенцијата во Њујорк.

Тој рече дека „нема начин да се наслика“ економската перспектива или како тоа ќе влијае на Твитер како компанија зависна од реклами.

Твитер е под водство на Маск речиси две недели, за кое време тој отпушти приближно половина од својата работна сила и повеќето поранешни високи менаџери.

Новиот шеф на оваа социјална мрежа ја подигна цената на претплата на опцијата Twitter Blue (пристап до премиум функции) на 8 долари, што вклучува проверка на корисникот.

Во е-пошта до вработените, Маск додаде дека сака претплатите да сочинуваат половина од приходите на Твитер.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje