Vrabotuvanje.com - Маж пронашол повеќемилионски чек и го вратил – го наградиле со 6 пакетчиња гумени бонбони
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Маж пронашол повеќемилионски чек и го вратил – го наградиле со 6 пакетчиња гумени бонбони

Ануар Г. е 38-годишен Германец кој пронашол нешто неверојатно на железничка станица во Франкфурт.

Маж пронашол повеќемилионски чек и го вратил – го наградиле со 6 пакетчиња гумени бонбони

Германецот се враќал кон дома по посетата на својата мајка и останал запрепастен кога здогледал чек на кој пишувало 4,63 милиони евра. Чекот бил на име на компанијата „Haribo“, позната по производство на гумени бонбони, а наводно го издал ланецот супермаркети „Rewe“, но некако се изгубил.

„На него стоеше толку голема сума на пари што не можев ни да ја изговорам“, изјавил Ануар за локалните медиуми.

Чесниот Германец одлучил да ја направи вистинската работа и ја контактирал компанијата во врска со чекот кој го пронашол. Но, кога еден од адвокатите на „Haribo“ стапил во контакт со него, тој не побарал од Ануар да го врати чекот – наместо тоа, побарал да го уништи и да му испрати фотографија како доказ дека го направил тоа.

Секако, Германецот го направил тоа што му било кажано и неколку дена подоцна примил подарок во знак на благодарност од германската компанија за слатки – кутија која содржела само 6 ќесички гумени бонбони.

„Мислам дека тоа е малку евтино“, изјавил Ануар кој не бил баш импресиониран од наградата бидејќи ѝ заштедил милиони на компанијата.

Од „Haribo“ објасниле дека нивниот гест на благодарност е стандардна практика на компанијата, додавајќи: „Тоа беше нашиот стандарден пакет кој го испраќаме како благодарност. Бидејќи чекот беше на наше име, никој освен нашата компанија не би можел да го откупи“.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje