Vrabotuvanje.com - ЕУ ќе воведе еколошка такса од 2026 година
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ЕУ ќе воведе еколошка такса од 2026 година

Европската унија (ЕУ) од 2026 година ќе почне да наплаќа т.н. јаглеродна давачка при увоз на стоки чие производство е поврзано со високи емисии на CO2.

ЕУ ќе воведе еколошка такса од 2026 година

Станува збор за нова регулатива во ЕУ, а дел е од пакетот за борба против климатските промени, во насока на целосно регулирање на пазарот на јаглеродни интензивни производи.

– Македонските компании ќе бидат соочени со еден вид, од почетокот на јануари во 2023 година, известување на колилината на јаглеродна содржина, а од 1 јануари во 2026 година ќе биде воведена некој вид на еколошка такса. За тој период од три години треба да ги најдеме најдобрите механизми како македонските компании да ги избегнат тие давачки и што треба ние да направиме за да ја задржиме конкурентноста. Да не заборавиме дека македонскиот извоз е отприлика 800 милиони евра и тоа е нешто помалку од една десетина од вкупниот македонски бруто општествен производ.

Постојат неколку методи за пресметка на учеството на CO2 во процесот на производство на челик и имаме електропечка во која што рециклираме старо железо што нè прави најеколошки производител во однос на другите типови на производство на челик кои што се застапени во Европа и во светот.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje