Vrabotuvanje.com - Луѓето би можеле да живеат на Месечината во оваа деценија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Луѓето би можеле да живеат на Месечината во оваа деценија

Луѓето би можеле да живеат на Месечината во оваа деценија

Луѓето би можеле да поминуваат подолги временски периоди на Месечината во текот на оваа деценија, изјави претставник на НАСА.
Хауард Ху, кој ја предводи програмата за лунарното вселенско летало „Орион“ на НАСА, рече дека ќе бидат потребни живеалишта за некои истражувачки мисии. Тој изјави дека лансирањето на ракетата „Артемида“ е историски ден за човечките вселенски летови. На врвот на ракетата се наоѓа вселенското летало „Орион“, кое нема екипаж на оваа мисија, но е опремено со кукла што ќе ги регистрира ударите на летот врз човечкото тело. Летот следуваше по двата претходни обиди за лансирање во август и септември, кои беа прекинати за време на одбројувањето поради технички проблеми.


– Ова е првиот чекор кон долгорочно истражување на длабоката вселена, не само за САД туку и за светот. Работиме на одржлива програма и ова летало ќе ги носи луѓето што ќе нѐ вратат назад на Месечината – рече Ху.
Тој објасни дека ако овој лет на „Артемида“ биде успешен, следниот ќе биде со екипаж, а потоа ќе следува трет, кога астронаутите повторно ќе слетаат на Месечината, за првпат по 50 години.


– Откако ќе се тестира и докаже безбедноста на компонентите и системите на „Артемида“, планот е луѓето да живеат на Месечината уште оваа деценија – објасни претставникот на НАСА.Голем дел од причината за враќање на Месечината е да се открие дали има вода на јужниот пол на Земјиниот сателит, бидејќи таа може да се претвори во гориво за вселенските летала што одат подлабоко во вселената, на пример на Марс.

– Ќе испратиме луѓе да живеат на површината на Месечината и да се занимаваат со наука – рече Ху.
Планирано е „Орион“ да се врати на Земјата на 11 декември.

Извор: novamkedonija.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje