Vrabotuvanje.com - Пример за сите: Јапонците повторно го чистеа ѓубрето на мундијалот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Пример за сите: Јапонците повторно го чистеа ѓубрето на мундијалот

Навивачите од Јапонија се посебна категорија на луѓе. Толку се вредни што уште по првиот меч на Светското првенство меѓу Катар и Еквадор останаа и го исчистија ѓубрето оставено од навивачите.

Пример за сите: Јапонците повторно го чистеа ѓубрето на мундијалот

Овие луѓе се навикнати на ред и дисциплина и истото го направија во Доха, иако тогаш не играше нивната репрезентација. За повеќето присутни тоа беше несекојдневна глетка, па ги снимија додека чистеа.

Групата јапонски навивачи објасни зошто го прават тоа:

„Ние Јапонците никогаш не оставаме ѓубре зад себе. Го почитуваме местото во кое престојуваме“, објаснија тие.

Вредните Јапонци предизвикаа низа позитивни реакции и коментари на социјалните мрежи. Уште од порано Јапонците стекнаа репутација на најдобри гости на меѓународните натпревари. Секогаш чистат зад себе, но и зад останатите. Исто вака се однесуваа и во Русија во 2018 година, како и сега во Катар. Нивниот пример треба да го следат и останатите навивачи, но тоа сепак е прашање на култура.

Затоа не е изненадување што Јапонците ги чистеа трибините и по победата на Јапонија над Германија, на четвртиот ден на Мундијалот. Германците беа поразени со резултат од 1:2 и беа шокирани од играта на противникот.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje