Vrabotuvanje.com - Работодавец од соништата: Секој вработен на австриска компанија доби бонус од 3.000 евра
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Работодавец од соништата: Секој вработен на австриска компанија доби бонус од 3.000 евра

На почетокот на летото, австриската влада одговори со пакет мерки за борба против инфлацијата, која расте од месец во месец во таа земја.

Работодавец од соништата: Секој вработен на австриска компанија доби бонус од 3.000 евра

Една од мерките што ја изгласаа претставниците во Виена е секоја компанија да има можност на своите вработени да им исплати еднократна стимулација, односно бонус, во износ од најмногу 3.000 евра по лице во нето износ.

Една компанија од Штаерска го докажа спротивното. Според „Kleine Zeitung“, фабриката за хартија Brigl & Bergmeister од Никласдорф во Штаерска сега е една од првите компании што го направила овој чекор и плаќа бонус за трошоците за живот од максимум 3.000 евра на секој од нејзините приближно 520 вработени. 1,5 милиони евра одат од касата на компанијата во џебот на работниците.

Ко-извршниот директор, Маркус Баумер сака да им се заблагодари на вработените и дополнително да ја зајакне позитивната работна атмосфера: „И покрај сите тешкотии предизвикани од короната, достапноста на суровини и војната во Украина, никогаш не моравме да ги затвориме погоните благодарение на голема посветеност и многу висока лојалност на нашите вработени“.

Позитивен резултат во првата половина на 2022 година сега овозможува исплата на таа сума.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje