Vrabotuvanje.com - Човек во Њујорк купил 300 iPhone телефони, па бил ограбен на пат до автомобилот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Човек во Њујорк купил 300 iPhone телефони, па бил ограбен на пат до автомобилот

Човек во Њујорк купил 300 iPhone телефони, па бил ограбен на пат до автомобилот

27 годишен маж во скоро 2 часот наутро купил 300 iPhone телефони од познатата Apple продавница на Петтата Авенија во Њујорк. Според информациите, не било првпат тој да купи ваква голема количина на телефони, а тоа го правел со цел да ги продава подоцна преку неговиот бизнис. Во тој период биле достапни и попусти поради „црниот петок“, па јасна е одлуката за купување, но не и зошто толку касно во вечерта.

Сите телефони биле ставени во три торби, по што тој се упатил кон неговиот автомобил. Во тој момент друг автомобил застанал од кого излегле луѓе кои му ги побарале торбите.

Човекот не сакал да ги даде, па напаѓачите успеале да земат една торба од трите притоа удирајќи го неколку пати.

Вредноста на украдената торба се проценува на околу 95.000 долари, а случајот секако бил пријавен во полиција.

Непознатиот маж можеби во иднина ќе размисли за времето од денот кога купува ваква количина на телефони или нарачката можеби во иднина ќе ја прави онлајн.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje