Vrabotuvanje.com - Што точно значат бројките на вентилот на радијаторот?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што точно значат бројките на вентилот на радијаторот?

Ниските температури, доаѓањето на зимата, поскапувањето на струјата и парното се маките кои ги мачат многу граѓани.

Што точно значат бројките на вентилот на радијаторот?

Оние кои имаат подно греење имаат можност самите да ја контролираат температурата, но и времето од денот и годината кога и колку ќе го вклучат греењето, за разлика од оние со парно.

А, во тоа им помага вентил со бројки, најчесто од нула до пет. Но, дали знаете точно што значи секој од тие броеви на вентилот и како можете да заштедите повеќе со нивна правилна употреба?

Секој број означува одредена температура

Водоводџијата и мајстор Мартин Николс откри дека овие бројки всушност покажуваат каква ќе биде температурата во просторијата, а не колку се жешки радијаторите. Значи, секој број на вентилот одговара на собната температура што ќе ја достигне:

0 = 0°C (исклучено)

✱ = 7°C (попознато како снегулка)

1 = 10°C

2 = 15°C

3 = 20°C

4 = 25°C

5 = 30°C

Не местете го вентилот на петка

„Главната предност на ова е што дополнителни ќе заштедите пари само ако ги користите правилно“, објасни мајсторот и ги советуваше луѓето да го постават подниот радијатор на 2 или 3 во помалите простории во зимските месеци.

„Доколку влегувате во соба која е ладна, а радијаторот работи, оставете го на мира и не го менувајте. Нека си ја заврши работата и соодветно нека ја загрее просторијата“, објасни тој, а за оние што се далеку од дома или одат на зимски одмор, ги советува радијаторите да ги држат на најниска поставка, поточно на снегулката (✱) за да се вклучат накратко, ако температурата падне под 7 степени Целзиусови.

За крај, неговиот совет е да не го поставувате вентилот на петка, бидејќи тоа значи дека радијаторот нема да престане да испушта топла вода додека просторијата не достигне 30 степени.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje