Vrabotuvanje.com - Поради забраната за послужување алкохол на Светското првенство во Катар, Бадвајзер ќе му ги подари сите залихи на победникот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Поради забраната за послужување алкохол на Светското првенство во Катар, Бадвајзер ќе му ги подари сите залихи на победникот

Поради забраната за послужување алкохол на Светското првенство во Катар, Бадвајзер ќе му ги подари сите залихи на победникот

Американскиот производител на пиво, Бадвајзер, еден од официјалните спонзори на Светското првенство во Катар, се најде во неволја поради одлуката да се забрани послужувањето алкохол на сите стадиони во последен момент пред почетокот на првенството. Затоа се одлучиле на интересен маркетиншки потег, пренесува CNN.

Поради забраната за послужување алкохол на стадионите во Катар, Бадвајзер сега може да служи само безалкохолно пиво.

По таа одлука, компанијата на својот официјален профил на Твитер објави дека на победникот на Светското првенство ќе му ги донира сите залихи од пиво кои беа доставени во Катар.

- Победничкиот тим ќе го добие целото испорачано пиво. Но, кој ќе го освои? – стои во соопштението на Бадвајзер.

Бадвајзер требаше да обезбедува алкохол на стадионите и фан зоните во Катар, но организаторите на ФИФА попуштија под притисокот на катарските власти и потврдија дека на ниту еден стадион нема да се продава алкохол, што би можело да ја чини пивската компанија дури 40 милиони долари. .

Бадвајзер требаше да се служи во навивачките области околу секој стадион, но не и на трибините на стадионот или на терените. Лоша вест  за спонзорот е тоа што во моментов има договор вреден околу 70 милиони долари со ФИФА за ова Светско првенство, како и за тој што ќе се игра во Мексико, Канада и САД во 2026 година.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje