Vrabotuvanje.com - Парите од свадбата ги потрошил за да оди на Светско првенство па вереницата ја известил преку порака
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Парите од свадбата ги потрошил за да оди на Светско првенство па вереницата ја известил преку порака

Секојдневно читаме оригинални пораки од фудбалски фанатици кои направија сé за да си го остварат сонот и да го следат Светското првенство во живо, а еден навивач на Мексико отиде чекор понатаму.

Парите од свадбата ги потрошил за да оди на Светско првенство па вереницата ја известил преку порака

Мексиканец  допатувал во Катар без знаење на неговата вереница, а за работата да биде уште полоша, парите што ги заштедил за венчавката ги искористил за Мундијалот. Кога пристигнал во Катар, мексиканецот и испратил порака за својата вереница со надеж дека таа ќе му прости што го следеше неговото срце и отиде да ја бодри неговата репрезентација на Светското првенство.

Пораката гласи вака:

„Драга вереницe, прости ми! Парите за венчавката ги искористив за да стигнам до Катар“, пишува во пораката која брзо го обиколи светот. Не треба ни да се потенцира на што се подготвени темпераментните мексиканци за да ја гледаат својата репрезентација.

Во Катар пристигнаа голем број навивачи на оваа земја, но по првите две кола немаат многу причини за задоволство бидејќи репрезентацијата освои само еден бод. Но, важно е да се учествува а уште поголема победа е да имате вакви фанови.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje