Vrabotuvanje.com - Работата од дома е поголема закана за компаниите отколку хакерите: Британците пријавија загуба на 3.000 лаптопи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Работата од дома е поголема закана за компаниите отколку хакерите: Британците пријавија загуба на 3.000 лаптопи

Губењето на лаптоп додека работите од дома е поголема финансиска закана за британската индустрија отколку хакерски напад.

Работата од дома е поголема закана за компаниите отколку хакерите: Британците пријавија загуба на 3.000 лаптопи

Во текот на изминатите две години, канцеларијата на Комесарот за информации (ICO) примила повеќе од 3.000 извештаи за изгубени уреди.

Меѓутоа, во истиот период само една компанија, адвокатска канцеларија, беше казнета поради безбедносни пропусти што им овозможија на хакерите да упаднат во системот.

- Одењето во канцеларија можеби повеќе не е секојдневна рутина, патување помеѓу локации каде вработените ги носат своите лаптопи бидејќи практиката е променета. Оставањето лаптоп во автобус, кафуле... е сосема предвидливо - изјави шефот за сајбер безбедност во Cisco.

Во март оваа година, ICO ја казни Tuckers Solicitors со 98.000 фунти (околу 113.000 евра) поради неуспехот да ги „спроведе соодветните технички и организациски мерки“ на своите компјутерски мрежи со цел да спречи хакерски напад.

Тие упаднаа во системите на адвокатска фирма со седиште во Лондон и украдоа илјадници датотеки, а поголемиот дел од нив некои ги објавија на интернет да бидат достапни за јавноста.

Кликнете и дознајте за што се работи - Работа од дома со можност за преселување во Софија, Бугарија! Дали сте спремни да го прифатите предизвикот?

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje