Vrabotuvanje.com - Нема ослободување со кауција: 115 години затвор за основачот на Еф-ти-екс
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нема ослободување со кауција: 115 години затвор за основачот на Еф-ти-екс

Меѓу најсериозните обвинувања се дека Банкмен-Фрид користел милијарди долари од средствата на своите клиенти за својата инвестициска трговска компанија.

Нема ослободување со кауција: 115 години затвор за основачот на Еф-ти-екс

Основач на берзата за крипто-валути Еф-ти-екс (FTX), Сем Банкмен-Фрид, останува во притвор на Бахамите. Судот му го одби барањето да биде ослободен со кауција бидејќи смета дека има „голем ризик од бегство“ и нареди продолжување на притворот до 8 февруари.

Тој вчера беше обвинет за една од најголемите финансиски измами во историјата на САД и беше приведен, меѓутоа пред судот на Бахамите тој се противи да им биде испорачан на американските власти.

Берзата која тој ја основа во 2019 година, пред еден месец поднесе барање за банкрот и остави многу свои корисници без можност да ги повлечат своите средства. Според обвинението со кое се соочува 30-годишниот основач, на своите 50 најголеми доверители им должи речиси 3,1 милијарди долари.

Меѓу најсериозните обвинувања се дека Банкмен-Фрид користел милијарди долари од средствата на своите клиенти за својата инвестициска трговска компанија „Аламеда“. Засега против него има вкупно осум кривични пријави во САД за измама, перење пари, заговор за измама …

Неговото вчерашно апсење следуваше во период кога тој се подготвуваше за сослушување пред американскиот Конгрес.

извор: 360stepeni.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje