Vrabotuvanje.com - Што да однесете како подарок кога одите на слава?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што да однесете како подарок кога одите на слава?

Почна периодот на домашни слави, а со тоа и вечното прашање – што да им однесеме како подарок на славениците?

Што да однесете како подарок кога одите на слава?

Повеќето луѓе со право се прашуваат што да му однесат на домаќинот како подарок за славата и дали има некои обичаи што треба да ги знаеме пред да одиме на слава.

Гостинот традиционално носи кафе, благо и вино. Ако сакате да однесете уште нешто, важно е да не претерате бидејќи на славата не треба да носите подароци, особено не скапи.

На слава се оди облечени пристојно, без нешто што привлекува големо внимание.

Ако домаќинот ви кажал во кое време да дојдете, обидете се да бидете точни. Доколку не можете да стигнете навреме, задолжително известете го домаќинот.

Кога ќе пристигнете, честитајте им на домаќините и на децата. 

Бидете внимателни со алкохолот и не претерувајте со јадењето. Избегнувајте тешки теми за разговор како теории на заговор, дневна политика или црна хроника.

Кога е време да си заминете, поздравете ги останатите гости, заблагодарете им се на домаќините за гостопримството. Може накратко да си муабетите на врата додека заминувате, но имајте на ум дека останатите гости го чекаат домаќинот.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje