Vrabotuvanje.com - Не можете да разберете што ви препишал докторот? Сега постои начин
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Не можете да разберете што ви препишал докторот? Сега постои начин

Не можете да разберете што ви препишал докторот? Сега постои начин

Многу лекари набрзина пишуваат рецепти, што прави речиси да е невозможно пациентите да разберат што напишале. Овој проблем постои со децении и многу технолошки фирми се обидуваат да го решат ова, но без успех.

Сепак, Гугл се обидува да ги „дешифрира“ тие текстови. Технолошкиот гигант објави на својата годишна конференција во Индија дека соработува со фармацевти за истражување на начини за дешифрирање на ракописот на лекарите.

Можеби ќе ве интересира: Докторите во Белгија препишуваат посета на музеи како терапија за анксиозност

Оваа функција, која моментално е во истражување и сè уште не е подготвена за јавноста, им овозможува на корисниците да сликаат рецепт или да го прикачат. Откако ќе се обработи сликата, апликацијата ги открива и истакнува лековите споменати во белешката, рече извршниот директор на Google.

- Ова ќе дејствува како помошна технологија за дигитализација на рачно напишани медицински документи со вклучување на луѓе , како што се фармацевтите, но нема да се донесе одлука само врз основа на резултатите од оваа технологија, стои во соопштението на компанијата.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje