Vrabotuvanje.com - "Колку пари потрошив во Катар за еден ден на World Cup 2022"
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

"Колку пари потрошив во Катар за еден ден на World Cup 2022"

“Медиумите ќе ви кажат дека Катар е скап – Навистина е!”, вака Rob Dawley го опишува својот престој во Катар, и сподели колку го чинел еден ден за време на Светското фудбалско првенство.

"Колку пари потрошив во Катар за еден ден на World Cup 2022"

За појадок: 2 кроасани, шише вода и милкшејк од јагоди = £3 (215 денари).

На стадионот Al Bayt, каде го следел натпреварот помеѓу Хрватска и Мароко, за чизбургер и вода платил £13,90 (994 денари), а за мало шише Кока Кола дал £3 (215 денари).

Се возел со Uber (вид на такси превоз) и за поминати 15 км платил £10,90 (800 денари)

За вечера: клуб сендвич – £8 (572 денари), 2 пива – £22 (1573 денари), сладолед во корнет – £6 (429 денари) и говедски фалафел – £3 (215 денари)

Се’ вкупно: £69.80 (4990 денари)

Во наведените трошоци од скоро 5.000 денари, не спаѓа престојот во хотел и картата за натпреварот Хрватска – Мароко.

А, како изгледа внатрешноста на еден од стадионите во Катар каде се играат натпреварите од ова Светско фудбалско првенство? – Како хотел со 5 ѕвезди.

извор: patokolusvetot.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje