Vrabotuvanje.com - Колку километри можат да поминат автомобилите „на резерва“? Победникот доаѓа од Германија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Колку километри можат да поминат автомобилите „на резерва“? Победникот доаѓа од Германија

Уште колку километри можете да поминете откако ќе ви светне сијаличката за гориво?

Колку километри можат да поминат автомобилите „на резерва“? Победникот доаѓа од Германија

Прочитајте: Автомобили со мала потрошувачка на гориво

Кога се вклучува сијаличката?

Поголем дел од возачите сметаат дека имаат уште 40 километри откако ќе се вклучи сијаличката за гориво, но праксата покажува дека дометот е значително поголем.

Многу од модерните автомобили имаат вграден калкулатор којшто ја анализира работата на резервата, но се случува возилото да ги надмине прикажаните бројки.

Во просек, сијаличката започнува да свети кога нивото на гориво ќе падне на околу 10 отсто од вкупниот капацитет на резервоарот од автомобилот.

Најголем домет

Според анализата на британскиот портал „VW Passat“ е апсолутен победник со најмалку 120,73 поминати километри на резерва.

Зад него се наоѓа „Ford Mondeo“ (112,68), додека пак „BMW 5“ е на следна позиција со 109,96 километри.

Следат „Toyota Prius“ (107.2), „Mercedes E“ (103), „Audi Q5“ (102,7), „Range Rover Sport“ (102), „Mazda 6“ (101,3), „Audi A6“ (99,8).

Најмал домет

Најмал домет има „BMW M 3“ со 51,48 километри, потоа „Kia Picanto“ со 51,72, па „Fiat 500“ со 59,77.

Од популарните автомобили треба да се наведат „Ford Fiesta“ со 66,09, потоа „Nissan Juke“ со 65,7, „Citroen C1“ со 62,4 и „Mini Cooper“ со 40,4.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje