Vrabotuvanje.com - Почнува со работа ноќно такси без возачи - дали би се возеле?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Почнува со работа ноќно такси без возачи - дали би се возеле?

Кинескиот технолошки гигант Baidu објави дека ја проширил комерцијалната оперативна област и часовите на работа на својата такси услуга без возач во централниот кинески град Вухан.

Почнува со работа ноќно такси без возачи - дали би се возеле?

Платформата за автономно возење Apollo Go за прв пат лансираше ноќно робо-такси во Вухан, означувајќи ја новата фаза од комерцијалниот бизнис со автономно возење во Кина.

Во моментов, со повеќе од 50 такси возила без возач во оптек, Apollo Go покрива оперативна област од повеќе од 130 квадратни километри во Вухан. Во меѓувреме, работното време во Њу Таун Јуншан во економско-технолошката развојна зона е продолжено од 7 до 23 часот, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните за ноќно возење.

Ноќниот период отсекогаш претставувал една од клучните технички тешкотии во технологијата за автономно возење, бидејќи е тешко возилата да ги проценат пречките и пешаците при слаба осветленост.

Baidu лансираше пилот услуга на Apollo Go во неколку кинески градови, како што се Пекинг, Шангај, Гуангжу и Шенжен.

Во последниве години, Кина воведе голем број политики за промовирање на развојот и комерцијализацијата на технологијата на возила без возач.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje