Vrabotuvanje.com - ОВА Е НАЈСКАПИОТ СТАН ВО ГЕРМАНИЈА - има девет соби и прозори од под до таван
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ОВА Е НАЈСКАПИОТ СТАН ВО ГЕРМАНИЈА - има девет соби и прозори од под до таван

Најскапиот стан во Германија кој беше понуден на интернет во 2022 година се наоѓа во Берлин и чини неверојатни 17,9 милиони евра.

ОВА Е НАЈСКАПИОТ СТАН ВО ГЕРМАНИЈА - има девет соби и прозори од под до таван

На порталот за продажба и изнајмување на недвижности Immoscout24 се огласува стан од 578 метри квадратни чија цена е неверојатни 17,9 милиони евра.

Ексклузивен пентхаус во Берлин

За тие пари купувачот добива „ексклузивен пентхаус во историскиот центар на Берлин“. Станот има девет соби опремени со површини од природен камен и дрвени подови.

Според огласот, станот има и прозорци од подот до плафонот. Поради својата локација во близина на Државната опера и форумот Хумболт, ексклузивната резиденција всушност се наоѓа во срцето на збиднувањата.

Меѓу десетте најскапи станови на „Immoscout24“ се уште три апартмани кои исто така се наоѓаат во Берлин. Седумсобен стан може да се купи во Пренцлауер Берг за 11,5 милиони евра.

А кога станува збор за скапите станови, Берлин води и на порталот за домување „Immowelt“.

Најскапиот стан објавен на оваа страница се нуди за 8,9 милиони евра. Станува збор за висококвалитетна реновирана стара зграда во областа Шарлотенбург-Вилмерсдорф. Располага со осум соби и покривна тераса на 437 квадратни метри станбена површина.

Вториот најскап стан на страницата е исто така во Берлин, но во Мит. Во непосредна близина на Бранденбуршката порта се наоѓа пентхаус од 454 метри квадратни за осум милиони евра.

Севкупно, четири од десетте најскапи станови во „Immowelt“ се наоѓаат во главниот град на Германија.

Рангирањето се заснова на понудите што беа објавени на Интернет помеѓу јануари и ноември 2022 година.

Наведените цени се цените наведени во огласот, а не цените што купувачите на крајот ги плаќаат за имотот.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje