Vrabotuvanje.com - Секое утро одвојувате многу време за да го отстраните мразот од автомобилот? Овие 3 состојки се спасот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Секое утро одвојувате многу време за да го отстраните мразот од автомобилот? Овие 3 состојки се спасот

Ниските утрински температури наголемо ги почувствувавме на нашата кожа. Освен студеното време, посебна група на луѓе, поточно возачите имаат вистинска мака кога на ред ќе дојде одмрзнувањето на автомобилот.

Секое утро одвојувате многу време за да го отстраните мразот од автомобилот? Овие 3 состојки се спасот

Непишано правило е во текот на зимските месеци луѓето кои со автомобил одат на работа, треба да станат рано за да го одмрзнат својот автомобил. Мразот на шофершајбната некако е најголемиот проблем, а еве како најбрзо да се ослободите од него.

Во празно шише со прскалка, ставете еден литар медицински алкохол, децилитар вода и малку детергент за садови, а потоа испрскајте ја шофершајбната и „фрлете“ се на работа, односно отстранување на мразот.

Немојте никако да го полевате стаклото со врела вода за да не го уништите. Тоа што некои од искуствата советуваат е пред да започнете со чистење на мразот, претходно вклучете го греењето за автомобилот да почне да се загрева и да се одмаглуваат внатрешните стакла.

Важно е каде го паркирате возилото

Исто така мудро паркирајте го вашиот автомобил за да се спасите од маките. Доколку имате можност да најдете некое идеално место каде предниот дел ќе биде свртен кон исток тоа би било идеално. На тој начин утринските зраци полека ќе го стопат мразот, а исто така добар совет е да ставате картон на стаклото . Што се однесува до бришачите никако не ги вклучувајте доколку претходно рачно не сте ги одлепиле, а не е лоша идеја навечер да ги подигнете за да спречите да се залепат на шофершајбната.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje