Vrabotuvanje.com - Топлото време му се заканува и на куленот: Еве како производителите на месо го решаваат проблемот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Топлото време му се заканува и на куленот: Еве како производителите на месо го решаваат проблемот

Топлото време и високите температури им задаваат главоболки и на производителите на месо.

Топлото време му се заканува и на куленот: Еве како производителите на месо го решаваат проблемот

Поради климатските промени, зимите се потопли секоја годинa, па затоа сите се борат со тоа како да го заштитат своето месо од мувла и да го задржат тој специфичен вкус. Некои дури воведоа и ноќно дежурство покрај сушарите.

„Нема снег, а ниски температури се најавуваат само малку во февруари... И мора да се прилагодиме. Само со чад можеме да го спасиме месото од оваа прекумерна влажност, бидејќи преголемите осцилации, било да е влажност или температура, се најголеми непријатели на месото“, истакнува Драган Модиќ од Бошњак.

Како да го зачувате месото кога времето е топло?

Владо, одличен познавач и искусен проиводител,  се ослободи од вишокот на влага со палење на суво дрво и струготини. Тој вели дека имало и такви кои целосно се откажале од овај бизнис. Од старите мајстори, но и од семејството ги научил методите на конзервирање на месото. Тој сé уште се грижи за својот повеќенаграден кулен и вешто успева во тоа.

Која е тајната?

Секогаш става црвен кромид затоа што му дава бакарна боја на месото, но и мирис, а кога ќе дојде таква “измамничка” пролет ефектот е видлив.

Тој користи и мешавина од пет литри вода и половина литар јаболков оцет, кои ги става во песокот.

„Вентилаторот дува затоа што не смее да дува во месото за да не се создаде кора, туку во ѕидот... Ако продолжи ваквото време, нас производителите не чека вистински  “пекол”, храната ќе биде уште поскапа.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje