Vrabotuvanje.com - Што се случува во Лондон? - Стотици луѓе отидоа на работа без панталони
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што се случува во Лондон? - Стотици луѓе отидоа на работа без панталони

Секоја година во јануари се одржува “Денот без панталони” на кој многу луѓе, претежно од САД и Велика Британија, одат на работа, возејќи се во метрото без пантолони.

Што се случува во Лондон? - Стотици луѓе отидоа на работа без панталони

Сè започнало пред 12 години, како шега на седум момци, која ја прифатиле и други луѓе, па набрзо се проширила и прераснала во настан кој се одбележува секоја година. Настанот го креирала групата Improv Everywhere во Њујорк при што секоја година се менува точниот датум, но во декември е веќе познат денот кога ќе се оди без панталони во метрото.

Годинава во иницијативата учествувале 60 градови, при што стотици луѓе биле снимени без панталони во лондонското метро.

Идејата зад “Денот без панталони” е прилично едноставна. Патниците влегуваат во метрото на различни станици, без панталони среде зима. Освен тоа, тие се однесуваат нормално и сите носат зимска облека, јакни, капи, ракавици и шалови, но немаат панталони.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje