Vrabotuvanje.com - Што покажа анкетата: Што ќе направат граѓаните ако им е побарано да вратат К-15?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што покажа анкетата: Што ќе направат граѓаните ако им е побарано да вратат К-15?

Што покажа анкетата: Што ќе направат граѓаните ако им е побарано да вратат К-15?

Право на регрес за годишен одмор (К-15) имаат сите вработени во приватниот сектор кои работеле кај ист работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година. Износот на К-15 е различен секоја година и зависи од движењето на просечната нето и бруто плата во државата.

Според Колективниот договор, основицата за пресметување на регресот за годишен одмор на работниците преставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

Ние направивме анкета на тема „Што ќе направите ако ви побараат да вратите К-15?“, а посетителите на нашиот сајт си го кажаа своето мислење.

7% од испитаниците се изјасниле дека ако им побарано, ќе го вратат К-15 - а на ова следи коментар „Затоа што нема каде да пријавиш и да пријавиш џабе е, никој ништо не превзема за работниците, посебно не за тие што работат во приватни компании“.

10% или 106 испитаници одговориле дека ќе вратат К-15 и ќе дадат отказ. 

Дури 30% од испитаниците се изјасниле дека доколку им е побарано, нема да вратат К-15, а во еден од коментарите се вели „Не враќам. Доколку висината е повисока од законската, само разликата ќе ја вратам“, а друг коментар гласи: „Тие пари се мои не се за враќање“.

Најголем дел - односно 53% или 579 испитаници одговориле дека ќе пријават.  Тука следи и коментар од типот „Никој нема право да ми бара да вратам К-15, затоа што К-15 му следува на секој работник, како во Македонија така и во ЕУ“. А друг коментар вели „Ќе пријавам и ќе дадам отказ“. 

Според правилата, треба да се исплати најмалку 40 отсто од просечната плата во моментот. Казните за работодавачите се и до 4.000 евра.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.

Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Кој би бил вашиот избор доколку треба да се вработите во некоја од приватните болници во Македонија?

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje