Vrabotuvanje.com - Оваа европска земја забранува фрлање на храната: Гостите ќе може да си го однесат дома она што нема да го изедат во ресторан
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Оваа европска земја забранува фрлање на храната: Гостите ќе може да си го однесат дома она што нема да го изедат во ресторан

Со новиот закон, шпанската влада го охрабрува носењето на остатокот од храната дома од рестораните, продавниците и угостителските објекти.

Оваа европска земја забранува фрлање на храната: Гостите ќе може да си го однесат дома она што нема да го изедат во ресторан

Би можело да ве интересира: Во која земја во Европа најмногу се консумира алкохол?! Maкедонците во топ 10 каде најмалку се пие

Дополнително, го промовира и поттикнува производството на џемови и слични производи со цел да се намали количината на залихите на храна кои се пред истекување. Сето ова има за цел да ја намали количината на храна што се фрла секоја година.

Шпанците од оваа година строго се борат со законот против фрлање храна. Според владиниот предлог, од супермаркетите, продавниците и рестораните ќе се бара да ги намалат цените на производите на кои наскоро ќе им истече рокот на траење.

Дополнително, тие ќе бидат обврзани да ги донираат и оние производи кои нема да се користат, наведува „Euronews“.

Покрај нив, истата обврска имаат и училишните ресторани, работничките и болничките мензи, доколку храната на кој било начин не се користи како зимница или како производи како џемови и слично. Крајното решение е да се претвори во сточна храна.

Баровите и рестораните во Шпанија ќе бидат принудени на своите гости да им нудат бесплатни „кучешки кеси“ за да можат да ја односат дома неизедена храна во согласност со новиот закон.

Законот, кој се очекува да стапи на сила на 1 јануари следната година, ќе бара од компаниите сега да направат планови за намалување на загубата и отпадот на храна. За фирмите кои нема да го почитуваат овој закон, предвидени се строги казни кои се движат и до неколку десетици илјади евра.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje