Vrabotuvanje.com - Не е ниту во топ 10 најбогати луѓе во светот: Милијардер платил патување, хотелско сместување и го изнајмил и „Дизниленд“ за 10.000 свои вработени заедно со нивните семејства
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Не е ниту во топ 10 најбогати луѓе во светот: Милијардер платил патување, хотелско сместување и го изнајмил и „Дизниленд“ за 10.000 свои вработени заедно со нивните семејства

Не е ниту во топ 10 најбогати луѓе во светот: Милијардер платил патување, хотелско сместување и го изнајмил и „Дизниленд“ за 10.000 свои вработени заедно со нивните семејства

Можеби ќе ве интересира: Мајкл Џордан минатата година заработил 2,5 пати повеќе отколку во целата негова кариера

Сопственикот на мултинационалниот фонд „Citadel LLC“, милијардерот Кен Грифин одлучил да ги награди своите вработени и заедно со нивните семејства им платил патување во Дизниленд на Флорида.

Според Форбс, богатството на Грифин вреди приближно 31,7 милијарди долари, што го прави 40-ти најбогат човек во светот.

Милијардерот од сопствениот џеб платил патување во Дизниленд на дури 10.000 вработени и нивните семејства, со што ја доби титулата најдобриот директор досега.

Портпаролот на „Citadel LLC“, Зија Ахмед откри дека во патувањата што се платени вклучени се авионски карти од Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други градови, хотелско сместување, влезот во Дизниленд и храната, вклучувајќи сè, од јагнешко до суши и паела.

Грифин го изнајмил просторот на Дизниленд исклучиво за неговите вработени. Во оваа прилика тој им се заблагодарил на вработените за одличната работа и рекол дека им претстои неверојатна иднина, пренесе „Businesstoday“.

Извор: brif.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje