Vrabotuvanje.com - Приказната за „Не лути се човече“, најпознатата друштвена игра создадена пред 115 години
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Приказната за „Не лути се човече“, најпознатата друштвена игра создадена пред 115 години

„Безделништвото се лекува со разонода, а таа е најдобра кога е во друштво“, вака размислувал еден Германец со визија, создавајќи ја денес најпопуларната друштвена игра “Не лути се човече” на која сите ѝ се враќаат.

Приказната за „Не лути се човече“, најпознатата друштвена игра создадена пред 115 години

Сè започнало една минхенска зима, 1907 година, во домот на семејството Шмит. Јозеф Фридрих Шмит сакал да пронајде начин како да ги забавува своите деца, но и да се забавува себеси, а таа вечер на трпезариската маса се  родила  идејата за денес неизоставната друштвена игра.

Шмит на еден картон исцртал полиња и куќички во различни бои и изработил фигури и коцки од дрво. Со тоа создал игра која можеле да ја играат две или четири лица, а неговите деца биле воодушевени од идејата.

Но, претприемачкиот дух на Јозеф не мирувал – тој сакал да ја уновчи оваа забава. Сепак, никако не успевал да заработи од играта на која ѝ дал симпатично и необично име – “Не лути се човече”.

Најпосле успеал еден маркетиншки трик и тоа баш за време на Првата светска војна. Шмит испратил донација од 3000 комплети од својата игра до воените болници, а резултатот бил одличен – повредените ја обожавале играта и постојано ја играле во болничките соби, а потоа ја носеле и во своите домови.

“Не лути се човече” станала заразна забава најпрвин во Германија, а набрзо и низ цела Европа. Освен добриот тајминг и рекламите, играта се продавала и поради цената која била пониска од половина килограм шеќер.

Шмит набрзо го проширил својот бизнис, основајќи ја издавачката куќа “Шмит Шпиле” за производство на друштвени игри.

Извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje