Vrabotuvanje.com - По 5 години пензија: Колку заработуваат гејмерите од Балканот?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

По 5 години пензија: Колку заработуваат гејмерите од Балканот?

Една од најпрофитабилните индустрии денес е гејмингот, кој со текот на времето почна да им носи многу пари на играчите.

По 5 години пензија: Колку заработуваат гејмерите од Балканот?

За тоа сведочат податоците кои доаѓаат од Хрватска, а се однесуваат на гејмерите и на најголемиот настан во регионот – Wandercon gaming, кој викендов собра бројни професионалци во Осиек.

Како што рече еден од учесниците на натпреварот, „од играње може да заработите многу пари, особено ако сте професионален е-спортист кој игра игри, бидејќи тогаш вашата плата може да достигне шест или седум просечни хрватски плати“, пренесува Капитал.

„Од друга страна, ако си инфлуенсер и снимаш, тоа ќе го видат спонзорите кои можат да ти платат за да играш – вели тој, а другиот додава дека 10 години активно се занимава со гејминг, но исклучиво како хоби“ пишува Poslovni.hr.

Сепак, третиот гејмер е на мислење дека „во Хрватска оваа индустрија не е многу истакната за да може да се заработи од неа, бидејќи земјата се уште заостанува во однос на новите технологии“.

Еден од организаторите на настанот, Иван Галетиќ, вели дека биле потребни два месеци напорна работа за да се создаде овој фестивал и додава дека луѓето сега почнуваат да забележуваат дека има иднина во гејмингот и е-спортот.

„Оваа сцена е повеќе ценета надвор, е-спортот денес е како спорт, а фудбалерите заработуваат многу. Играчите на е-спортови можат да играат пет години и да се пензионираат за да можат да ја обезбедат иднината“, открива Галетиќ.

Како изгледа денот на гејмерот?

„Стануваш, доаѓаш при себе, седнуваш на компјутер и играш, играш, играш. Има и различни видови на тренинзи, во зависност од видот на играта“, додава тој.

Извор: vecer.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje