Vrabotuvanje.com - Туркије или Турција? Како е правилно на македонски јазик?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Туркије или Турција? Како е правилно на македонски јазик?

Туркије или Турција? Како е правилно? Одговор дал реномираниот професор Људмил Спасов!

Туркије или Турција? Како е правилно на македонски јазик?

- Некои медиуми почнаа да го применуваат 'новото име' на Турција, но тоа е погрешно.

Претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов, вели дека името на државата Турција останува исто на македонски јазик.

Би можело да ве интересира: Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС кон Турција и Сирија

- Ние си имаме наша транскрипција. На пример, не велиме Финланд, туку Финска, не велиме Дојчланд, туку Германија, не велиме Шќиперија, туку Албанија. Или, на пример, кај нас не е Београд, туку Белград. Во ред би било ако се пишува од влада до влада да стои и новото име во заграда, но за наша домашна употреба останува исто - Турција, а со тоа и изведенките си остануваат исти, вели тој. 

Причините за промената на името се повеќе, меѓу кои и фактот што Турки на англиски значи и 'мисирка'. Турците очигледно сакаат да ја сменат таа традиција и го менуваат името на државата за меѓународна употреба на начин како тие го изговараат името на својата држава - дома. Значи, Туркије за меѓународна употреба.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje