Vrabotuvanje.com - Колку кафе испиле лани Босанците?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Колку кафе испиле лани Босанците?

Кафето е омилен напиток на Босанците. Босна и Херцеговина (БиХ) увезла повеќе од 19.500 тони кафе во вредност од над 142 милиони марки.

Колку кафе испиле лани Босанците?

Можеби ќе ве интересира: Западен Балкан: Најмногу невработени во Косово и Босна и Херцеговина

Податоците на Управата за индиректно оданочување (ИТА) на Босна и Херцеговина, покажуваат дека најмногу кафе минатата година пристигнало во Босна и Херцеговина од Бразил, а потоа следат Индија, Италија, Виетнам, Обединетите Арапски Емирати и Гвинеја.
 
„Во текот на јануари годинава, Босна и Херцеговина увезла повеќе од 1.3 милиони килограми кафе во вредност од над 9,3 милиони км“, покажуваат податоците на Управата за индиректни даноци (ИТА).

Кафето е донесено и од Словенија, Хрватска, Етиопија, Уганда, Германија, Шпанија, Португалија, Индонезија, Колумбија, Камерун и САД.

Во 2021 година беа увезени повеќе од 22.000 тони, но вредноста беше многу помала, односно вкупно чинеше повеќе од 97 милиони марки. Но, според податоци од Интернационалната организација за кафе кои беа објавени пред неколку години, Финците беа лидери во Европа со испиени 12 килограми кафе по лице годишно.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje