Vrabotuvanje.com - Научниците објавија колку најдолго човекот може да живее
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Научниците објавија колку најдолго човекот може да живее

Истражувајќи податоци на околу 75.000 Холанѓани чија точна возраст е забележана во моментот на смртта, статистичарите од универзитетите Тилбург и Ерасмус Ротердам ја утврдиле максималната горна граница на животниот век на жените на 115,7 години. Кај мажите таа возраст е нешто пониска - 114,1 година.

Научниците објавија колку најдолго човекот може да живее

„Секако, просечниот животен век е продолжен. Сепак, максималната горна граница не е променета“, објаснил Ејнмал.

Тука не станува збор за очекуваниот живот век, туку за животниот век кој се користи за одредување колку долго поединецот може да живее ако се грижи за себе. Овие наоди се совпаѓаат со истражувањето спроведено во САД, каде научниците откриле сличен опсег на животниот век.

Би можело да ве интересира: Кој работи најдолго во регионот?

Научниците утврдиле дека максималниот животен век на луѓето е до нивните 90-ти и малку е веројатно дека некогаш ќе се зголеми над 115. Но, потврдиле дека бројот на луѓе кои доживеале 95 во Холандија во последните 30 години пораснал за три пати.

Најстарата личност кога некогаш живеела доживеала дури 122 години. Жана Луиза Калман е роден во 1875-та година во Франција. Починала во 1997-ма. Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како лице кое живеело најдолго.

Ејнмал изјавил дека наодите од истражувањето ќе бидат објавени во наредниот месец.

Извор: tocka.com.mk
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje