Vrabotuvanje.com - Европската комисија на вработените им забрани да користат TikTok
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Европската комисија на вработените им забрани да користат TikTok

Европската комисија на вработените им забрани да ја користат кинеската апликација TikTok од безбедносни причини. Ова е најновиот пример за се поголемата напнатост која владее меѓу Пекинг и Западот.

Европската комисија на вработените им забрани да користат TikTok

Западните влади се вознемирени поради доказите дека кинеската технолошка компанија и помага на Комунистичката партија и на нејзините известувачки служби во собирањето големи количини податоци ширум светот, со посебен фокус на политичките и безбедносните цели од голема вредност.

Висок претставник од комисијата изјавил дека во четвртокот наутро на вработените им било наредено да го избришат TikTok од нивните службени телефони, но и од своите приватни уреди доколку на нив имаат инсталирано апликации поврзани со нивната работа во Комисијата. Ако вработените инсистираат да ја задржат апликацијата TikTok на своите уреди, мора да ги избришат апликациите поврзани со работата.

Би можело да ве интересира: Повеќе од половина од младите користат TikTok и Instagram за пребарување

Другите институции на Европската унија, вклучувајќи го Советот и Парламентот, веројатно се следните што ќе ја забранат кинеската апликацикаја, иако може да помине доста време пред Европскиот парламент да спроведе таква политика.

САД веќе го забранија TikTok на многу владини уреди, додека Холандија исто така размислува за таква забрана.

Извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje