Vrabotuvanje.com - Дете во Србија ја зело заштедата на родителите и ја поделило на соучениците
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дете во Србија ја зело заштедата на родителите и ја поделило на соучениците

Момче во Србија ја украло заштедата на родителите и делело евра во училиштето за да биде популарно.

Дете во Србија ја зело заштедата на родителите и ја поделило на соучениците

Десетгодишно дете од српскиот град Алексинац, ги зело заштедите на родителите од 3.000 евра и им ги поделило на соучениците во училиштето. Ученикот од четврто одделение во основно училиште само сакал да биде популарен меѓу своите врсници.

„Во нивното одделение дошло момче, чии родители се прилично богати. За да го привлече вниманието на другарите, донел пари на училиште и ги одвел децата на пица, колачи, им купувал сокови. Потоа, другото момче, гледајќи дека претходното има многу пријатели, реши да ја стекне истата популарност“, открил извор за српскиот портал „24/7“.

Децата тоа го сфатиле како забава. Потоа на едно од децата мајка му му нашла 300 евра во пантолоните. За случката се известени родителите, а децата признале дека парите им ги дал соученик. Парите на крајот ги вратиле на родителите на момчето.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje