Vrabotuvanje.com - Укинувањето на пандемските ограничувања му донесе рекордни резултати на сопственикот на Зара
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Укинувањето на пандемските ограничувања му донесе рекордни резултати на сопственикот на Зара

Шпанскиот синџир за облека Inditex, сопственик на брендот Zara, во средата објави рекорден годишен приход и нето профит благодарение на поголемата продажба по укинувањето на ограничувањата за пандемијата.

Укинувањето на пандемските ограничувања му донесе рекордни резултати на сопственикот на Зара

Во деловната година која заврши на 31 јануари, Inditex на тој начин оствари рекорден приход од 32,6 милијарди евра, 17,5 отсто поголем од претходната деловна година, благодарение на растот на продажбата и на интернет и во продавниците.

Добивката пред оданочување изнесува 5,358 милијарди евра и е поголема за 27 отсто. Нејзината нето добивка скокна за истиот процент, достигнувајќи рекордни 4,1 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира: Кои се петте најбогати луѓе во светот на модата

Врз основа на годишните деловни резултати, бордот на директори планира да предложи зголемување на дивидендата за цели 29 отсто, на 1,2 евра по акција. Износот се состои од редовна дивиденда од 0,796 евра и бонус дивиденда од 0,404 евра. Се очекува на почетокот на мај на акционерите да им бидат исплатени 0,60 евра по акција, а останатите 0,60 евра да бидат исплатени за шест месеци.

Покрај Zara, Inditex ги поседува и брендовите Bershka, Massimo Dutti, Oysho, Pull & Bear и Stradivarius.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje