Vrabotuvanje.com - Најголемата колекција на човечки мозоци се наоѓа во Данска
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Најголемата колекција на човечки мозоци се наоѓа во Данска

Најголемата колекција на човечки мозоци се наоѓа во данскиот универзитет во Одензе. Органите се складирани во тегли со формалин, а колекцијата се состои од 9.479 органи извадени од трупови на ментално болни пациенти во текот на четири децении се до 1980 година.

Најголемата колекција на човечки мозоци се наоѓа во Данска

 Станува збор за некаков вид експериментално истражување кое започнало во 1945 година, објасни експертот за историја на психијатријата Џеспер Вачи Краг.

Научиците веруваат дека можеби би можеле да откријат нешто за тоа каде е изворот на менталната болест или мислеле дека можат да најдат некои одговори во органите.

Можеби ќе ве интересира: СО ПЛАТАТА СЕКОЈ МЕСЕЦ МОЖЕ ДА СИ КУПУВА ПО ДВА СТАНА ВО СКОПЈЕ: Чија нето плата е 146.000 евра?!

За оваа колекција во Данска не е побарана дозвола од пациентите ниту од нивните семејства, додека тие биле живи.

– Тоа беа државни психијатриски болници и немаше никој кој поставува прашања за тоа што се случува внатре во таквите институции, вели Вачи Краг.

Во тоа време, правата на пациентите не се почитувале многу. Напротив, општеството сметало дека мора да биде заштитено од такви луѓе, изјавил научник од Универзитетот во Копенхаген. Според тогашниот закон, пациентите сместени во психијатриски установи помеѓу 1929 и 1967 година морале да бидат стерилизирани, и до 1989 година, тие морале да бараат посебна дозвола ако сакаат да се венчаат.

-Тогаш пациентите не се лекуваа со процедурите што ги применуваме денес, додаде таа.

Извор: skopskoeho.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje