Vrabotuvanje.com - Јована студира архитектура, но нејзината љубов се камионите!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Јована студира архитектура, но нејзината љубов се камионите!

Уште како мала првпат седнала во камион, од љубопитност и љубов , а сега добро заработува од таа работа помагајќи им на родителите во семејниот бизнис.

Јована студира архитектура, но нејзината љубов се камионите!

Таа е млада, модерна и образована. Јована Митровиќ е успешна студентка на Архитектонскиот факултет во Белград и не бега од каква било работа,а особено не  од возење камиони.

Со неа во утринската програма Редакција разговараше новинарката на ТВ Курир, Ивана Јовановиќ.

- Бев мала кога прв пат седнав во камион со дедо ми, потоа со татко ми, а сега со брат ми. Додека другите деца возеа велосипед, јас возев камион - вели убавата Јована.

Таа од пред една година има положено категорија Ц и Е во возачка дозвола.

- Тоа во пракса значи дека сум платила за камионот и за приколката. Кога треба да се натовари камионот, таму сум и јас на багерот - низ насмевка рече Јована.

Факултетот и е на прво место во животот, но таа е зад волан секогаш кога може.

- Архитектурата ми е приоритет, но половина од времето го поминувам со книга, другата половина во камионот - искрена е Јована.

Jovana Mitrović, kamiondžija

Таа се соочува и со предрасуди кога ќе ја видат зад воланот на камион.

- Има предрасуди, но најмногу позитивни коментари. Сега немам нокти, но кога ги пуштам, ме прашуваат како можам да возам во здолниште и со нокти. Ми се случи да прашаат каде е возачот, кога ќе им објаснам не ми веруваат.

На прашањето како успева да ги избалансира сите свои обврски, таа одговара:

- Со организација се може да се постигне кога се сака. Сабајле требаше да одам на факултет, но сега возам низ Лештане-Болеч, но и низ Србија. Превезувам чакал, песок, земја... Што треба за градилиштето.

Новинарката на ТВ Курир Ивана Јовановиќ се интересираше дали е секогаш среќна кога ќе седне зад воланот на камион.

- Да (се смее). Тоа сум јас. Наутро брзо се спремам, а кога се спремам за во камионот се спремам како да излегувам.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje