Vrabotuvanje.com - Витаминка - Најпосакуван работодавач за 2022 година меѓу македонските компании за производство на храна
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Витаминка - Најпосакуван работодавач за 2022 година меѓу македонските компании за производство на храна

Витаминка - Најпосакуван работодавач за 2022 година меѓу македонските компании за производство на храна

Во рамки на манифестацијата за доделување на Награди за најдобри работодавачи, Витаминка ја доби наградата Најпосакуван работодавач за 2022 година меѓу македонските компании за производство на храна

Наградувањето и изборот за најпосакуван работодавач меѓу силна конкуренција значи дека Витаминка е компанија каде високо се ценат човечките и професионалните квалитети.

„Вреднувањето на вработените во Витаминка започнува со градењето на меѓучовечките односи така што функционираме како големо семејство каде секој  вработен е рамноправно ценет и вреднуван. Создадовме одлични услови за работа, можности за личен и професионален напредок, бројни поволности и бенефиции за вработените, но и грижа за здравјето и добросостојбата на вработените со спроведување здравствени прегледи, продолжено породилно отсуство и други мерки со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности. Како дел од ова наше семејство секој вработен претставува најголема вредност. Затоа и понатаму ќе продолжиме да бидеме тоа што сме денес, да го зголемуваме нашето Витаминка семејство и да станеме подобри и поголеми. Оваа награда е поттик да го надминеме постигнатото“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка на доделувањето на наградите.

Наградите најпосакуван  работодавач се доделуваат врз база на три критериуми: Број на посети на огласите и објавите на сајтот Вработување.ком, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно анкетно истражување спроведено на сајтот Vrabotuvanje.com.mk.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje