Vrabotuvanje.com - Еден работен ден во Кромберг и Шуберт: Разговараме со Павлина Маруши - менаџер на оддел за сечење и претподготовка
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Еден работен ден во Кромберг и Шуберт: Разговараме со Павлина Маруши - менаџер на оддел за сечење и претподготовка

Одделот за сечење претставува првиот процес во германската фабрика Кромберг и Шуберт која во Македонија вработува над 6.500 работници. За да започне производствениот процес, најпрво се добиваат жиците на котур, потоа се сечат, па се поставуват терминали и на крај одат на понатамошна обработка.

Еден работен ден во Кромберг и Шуберт: Разговараме со Павлина Маруши - менаџер на оддел за сечење и претподготовка

Со цел да ја доловиме вистинската работна атмосфера во КРОШУ и да одговориме на сите неодговорени прашања во однос на условите во компанијата, направивме интервју со Павлина Маруши – Менаџер на одделот за сечење и претподготовка.

Vrabotuvanje.com: Во кое време вообичаено пристигнувате на работа и како го започнувате Вашиот работен ден?

Павлина: Најчесто пристигнувам околу 8 часот, најпрво го собирам својот тим и заедно ја разгледуваме моменталната ситуација, проблемите кои ги имаме, изнаоѓаме решенија и ги распределуваме работните задачи за тековниот ден.

​Vrabotuvanje.com: Колку долго работите во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ и кое Ви е најголемото достигнување во досегашната кариера?

Павлина: Во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ сум од самиот почеток на фабриката веќе 6 години. Започнав како менаџер на одделот за сечење и подготовка. Кога започнавме почнав со околу 10 оператори за да стигнам до бројката од 750 која е моментално. Моето најголемо достигнување во кариерата е токму оваа позиција баш поради тоа што сум одговорна за преку 750 луѓе.

​Vrabotuvanje.com: Која дневна обврска  ви престставува задоволство, а која потешкотија?

Павлина: Најголемо задоволство ми претставува изнаоѓањето на решение за проблемите кои ги работиме со мојот тим, а најголема потешкотија - административната работа. 

​Vrabotuvanje.com: Колку според Вас тимот е клучен за успех?

Павлина: Тимот е најклучната алка  за да се постигни некаков успех, значи само со тимска работа можиме да работиме како што треба и да постигниме резултати најбрзо и најефикасно.

​Vrabotuvanje.com: Колку често и како ги обучувате луѓето од Вашиот тим?

Павлина: Секој ден се среќаваме со различни проблеми и во изнаоѓањето на решенијата за тие проблеми сите имаме секојдневна обука и секој ден учиме нешто ново. Mеѓутоа покрај тоа, нашата фирма обезбедува обука за вработените како што се: обука за лидерство, техничка магента, обука за квалитет итн.

​Vrabotuvanje.com: Кое е вашето мото за работа?

Павлина: Моето мото е дека истрајноста и посветеноста доведуваат до успех во работата.

​Vrabotuvanje.com: Дали сте лидер или следбеник?

Павлина: Јас себеси се сметам дека сум лидер, се надевам дека и другите ме доживуваат на тој начин и секогаш се трудам да го водам мојот тим во вистинки правец.

​Vrabotuvanje.com: Како дете што сакавте да бидете кога ќе пораснете и колку од тоа Ви се исполни?

Павлина:  Отсекогаш ме интересирала техниката и мило ми е што работам во една таква техничка средина. Aвтомобилската индустрија односно КРОШУ ми ги исполни моите соништа.

​Vrabotuvanje.com: Зошто ја препорачувате КРОМБЕРГ и ШУБЕР како идеална компанија за работа? 

Павлина: Поради позитивната енергија која ја има тука, тимската работа, шансата за професионален напредок и секако бидејќи сме најдобри и најуспешни во Македонија и пошироко.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje