Vrabotuvanje.com - Границата за пензионирање да се зголеми за една година, предложи Бизнис заедницата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Границата за пензионирање да се зголеми за една година, предложи Бизнис заедницата

Откако новиот Стратешки план на ПИОН покажа на тоа дека дупката во Фондот се продлабочува и истата мора да се покрие со државниот буџет, од Бизнис заедницата најавија дека ќе дадат предлог да се зголеми старосната граница за пензионирање за една година.

Границата за пензионирање да се зголеми за една година, предложи Бизнис заедницата

Минимално зголемување на старосната граница за пензионирање. Ова тотално сме сигурни дека Синдикатите нема да се сложат и дека ќе биде не многу прифатливо за нив. Од друга страна, ние како работодавачи воопшто не размислуваме дека ќе биде позитивно и квалитетно да се зголеми процентот на социјалните придонеси, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.

Бошков вели дека веќе е намалено нивото на одржливост на пензискиот фонд.

Доколку се зголеми бројот на пензионери до 2020 на 335 или 337 илјади, тогаш тие 550 милиони што се трошат во моментот за помал број на пензионери ќе се зголеми, вели Бошков.

Според  планот, бројот на пензионери за три години ќе се зголеми за 15 илјади, и ќе изнесува  над 335 илјади. Со тоа ќе се зголемат и трошоците за пензии. Годинава по овој основ треба да се исплатат 880 милиони евра, а во 2021. -  една милијарда евра.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje