Vrabotuvanje.com - Остров на кој е забрането да се умре: Бремените жени и пензионерите мора да го напуштат
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Остров на кој е забрането да се умре: Бремените жени и пензионерите мора да го напуштат

Со големина од 61 квадратен километар и население од нешто повеќе од 2.000 жители, норвешкиот остров Свалбард има едно необично „правило“ а тоа е дека не смеете да умрете овде.

Остров на кој е забрането да се умре: Бремените жени и пензионерите мора да го напуштат

Имено, не постојат официјални закони кои можат да ви забранат да умрете, ниту тоа може да се смета за кривично дело, но овој норвешки остров не дозволува мртвите да бидат погребани на него.

Вистинската причина е вечниот мраз – состојбата на замрзнатото тло кое го спречува распаѓањето на телото, па затоа може да биде голема опасност за луѓето кои живеат на овој остров, бидејќи може да шири разни болести.

Градот Лонгјарбиен на овој остров е едно од најсеверните места во светот, болницата овде не е опремена за долготрајна нега на жителите. Ако се случи некое лице да боледува од некоја тешко лекувачка болест или да претрпи сериозни повреди, тој се испраќа во копното на Норвешка.

Тие немаат ни пензионерски домови, а според законот луѓето кои не се способни да се грижат за себе мора да го напуштат островот. Исто така, трудниците се должни да го напуштат Свалбард 21 ден пред официјалниот термин, бидејќи болницата нема педијатри.

Ако живеете на овој остров, мора да имате друго место на живеење. Луѓето можат да бараат кремирање и во Свалбард, но за тоа е потребна посебна дозвола од градската администрација. Поради ова правило, стапката на смртност е многу ниска, но сепак несреќи се случуваат. Во Свалбард, на секои 10 години приближно едно лице гине од поларните мечки.


Извор: denar.mk
 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje