Vrabotuvanje.com - Платен одмор од фирмата бараат македонците како награда за добро завршена работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Платен одмор од фирмата бараат македонците како награда за добро завршена работа

Во оваа анкета одлучивме да ги прашаме граѓаните кои форми на награди можат да донесат радост и исполнување на вработените, освен она „традиционалното“ покачување на платите. На нашиот сајт го поставиме токму ова прашање: Ако не е покачување на платата, со каква награда би биле задоволни?

Платен одмор од фирмата бараат македонците како награда за добро завршена работа

Во денешната брза и конкурентна работна средина, наградите често ги поврзуваме со покачување на платите. Иако зголемувањето на платата е несомнено примамливо, постојат и други начини на кои работодавачите можат да покажат ценење и да го зголемат задоволството од работата без само да се потпираат на парични стимулации. Значи, ако не е покачување на платата, со каква награда би биле задоволни?

Направивме анкета на оваа тема во која учествуваа 944 испитаници. Еве ги резултатите:

3% од испитаниците на прашањето „Ако не е покачување на платата, со какава награда би биле задоволни?“ одговориле дека би биле задоволни од Пофалба и признание пред колегите.

16% од испитаниците се изјасниле дека би биле задоволни од Платена обука. 

Дури 40% или 376 од испитаниците одговориле дека ако не е покачување на платата би биле задоволни од Платен одмор од фирмата. Еден од коментарите гласи: „Ако не може повисока плата тогаш да си ја одмориме душата неколку дена...“ 

Најголем дел - односно 42% од испитаниците одговориле дека би биле задоволни од Унапредување - Повисока позиција, на што следи коментар од типот: „Унапредувањето носи и повисока плата“. 

Додека зголемувањето на платата несомнено има свои заслуги, од суштинско значење е компаниите да препознаат дека алтернативните награди можат да бидат исто толку влијателни во поттикнувањето на задоволството од работата, ангажираноста и лојалноста. Истражувајќи ги неконвенционалните патишта, работодавачите можат да ги искористат различните потреби и желби на нивната работна сила, создавајќи добра работна средина. 

Колку се не/задоволни вашите вработени и што мислат за работата во вашата компанија? Проверете на Pulser.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje