Vrabotuvanje.com - Нервоза во најава: „YouTube“ воведува реклами од 30 секунди што не може да се прекинат
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нервоза во најава: „YouTube“ воведува реклами од 30 секунди што не може да се прекинат

Подгответе се за нова рунда фрустрации бидејќи на екраните пристигнуваат полуминутни реклами кои нема да можат да бидат прекинати.

Нервоза во најава: „YouTube“ воведува реклами од 30 секунди што не може да се прекинат

„YouTube“ најави дека наскоро ќе воведе нов вид на рекламирање на својата платформа. Тие ќе бидат полуминутни реклами без можност за прекин. За ваша среќа или за жал, овие видови реклами засега ќе се применуваат само на апликацијата „YouTube“ за телевизори.

Исто така, беше откриено дека „YouTube“ експериментира со воведување реклами кои би се појавиле кога видео содржината е паузирана. Засега не се знае дали ќе се работи за „тивки“ реклами или ќе треба да се исклучи звукот.

Што се однесува до решенијата за блокирање реклами, „YouTube“ истражува како да го запре тоа блокирање реклами. Поконкретно, во иднина „YouTube“ би можел да ја блокира репродукцијата на содржината на својата платформа доколку открие дека гледачите користат алатки за блокирање реклами.

Извор: kanal5.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje