Vrabotuvanje.com - АКО ИМА БЕСПЛАТНА ЛЕЖАЛКА ВО ГРЦИЈА-БЕГАЈТЕ! Лимонада чини колку цел ручек, а за пиво ќе платите 37 евра! Туристите во шок
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

АКО ИМА БЕСПЛАТНА ЛЕЖАЛКА ВО ГРЦИЈА-БЕГАЈТЕ! Лимонада чини колку цел ручек, а за пиво ќе платите 37 евра! Туристите во шок

Туристите кои заминаа на Миконос во Грција објавија какви цени начекале, а судејќи според податоците од минатото лето, сезоната ќе биде „евтина“!

АКО ИМА БЕСПЛАТНА ЛЕЖАЛКА ВО ГРЦИЈА-БЕГАЈТЕ! Лимонада чини колку цел ручек, а за пиво ќе платите 37 евра! Туристите во шок

Едно пиво чинело неверојатни 37 евра, домашна лимонада 46, а на сајтот на TripAdvisor започна вистинска дискусија за тоа дали е можно овие пијалоци, кои никој навистина не би ги нарекол луксуз, да чинат толку многу во Грција.

Навреди од сопственикот добил и турист од Британија кој се пожалил на високите цени на бар на плажа на Миконос.

„Не знаеме кој си, бидејќи не се сеќаваме на муштеријата што ја нарача лимонадата и сендвичот. Не знаеме ни дали некогаш навистина си бил наш гостин, а имаш храброст да се скриеш зад прекар и пишуваш клевети на наша сметка“, напишаа од тој локал.

Фрустрираните туристи продолжуваат да даваат лоши критики за овој локал во Грција, а последната беше пред неколку дена, а оваа личност напиша „Кога би можел, би им дал минус десет ѕвезди. Никогаш не доаѓај овде“.

Друг британски турист напишал дека овој бар има вештина да привлекува гости, нудејќи бесплатни лежалки доколку се нарача пијалок. Но, тогаш, кога ќе пристигне сметката, целиот ваш одмор е завршен.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje