Vrabotuvanje.com - Цени во Хрватска: Тоник во Трогир 7 евра, сметката за три кафиња ги шокираше дури и Хрватите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Цени во Хрватска: Тоник во Трогир 7 евра, сметката за три кафиња ги шокираше дури и Хрватите

Цени во Хрватска: Тоник во Трогир 7 евра, сметката за три кафиња ги шокираше дури и Хрватите

Летото се ближи, а цените во Хрватска секој ден ги шокираат дури и Хрватите. Тамошните медиуми секојдневно објавуваат фотографии од читатели кои се шокирани од сумите што треба да ги платат за пијалоци во кафулињата.

Граѓанин платил 7 евра за обичен тоник во кафуле во Торгир, што предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи.

Девојка од Шибеник објавила сметка за три кафиња кои ги испила во Шибеник. Ги платила 15,50 евра или 117 куни!

Вреди да се повтори: три кафиња 117 куни или околу 40 куни за едно кафе! - пишува „Слободна далмација“.

- Добивме кафе во пластични чаши и плативме толку, а вистинската сезона не ни започна - вели девојката која испрати две фотографии.

Инаку, кафето со млеко во повеќето кафулиња во Хрватска е помеѓу 1,50 и 2 евра (11 до 15 куни). Значи, во тие нормални кафичи наместо три шибенички кафиња можеа да испијат 11 по стандардна цена.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje