Vrabotuvanje.com - Од Оператори во производство до Тим лидери: Разговараме со Никола Тошески и Никола Стевоски за тоа како се напредува во Кромберг и Шуберт
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Од Оператори во производство до Тим лидери: Разговараме со Никола Тошески и Никола Стевоски за тоа како се напредува во Кромберг и Шуберт

Од Оператори во производство до Тим лидери: Разговараме со Никола Тошески и Никола Стевоски за тоа како се напредува во Кромберг и Шуберт

Кромберг и Шуберт е успешна приказна за германска фабрика која во пелагонискиот регион достигна бројка од 6.500 вработени. Минатиот пат разговаравме со Павлина Маруши – менаџер на оддел за сечење и претподготовка на тема како изгледа работниот ден во Кромберг и Шуберт, а денес преку интервју со двајца оператори во производство кои успеале да напредуваат до тим лидери сакаме да ви ја доловиме политиката на напрадување во германскиот гигант.

Vrabotuvanje.com: Кога беше вашето вработување во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ и на која работна позиција започнавте?

Никола Тошески: Пред околу три години аплицирав во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ за  позиција оператор во производство бев на интервју ме одбраа и започнав да работам како оператор во производство.

Никола Стевоски: Јас пред три и пол години аплицирав во компанијата КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ за работна позиција оператор во производство бев повикан на интервју и започнав со работа како оператор во производство.

Vrabotuvanje.com: Како изгледа еден ваш работен ден?

Никола Тошески: Мојата работа е во три смени, доаѓам на работа и ги гледам дневните таргети ги распределуваме луѓето и започнуваме со работа.

Никола Стевоски: Исто така и јас работам во три смени, доаѓам дваесетина минути пред почетокот на смената, го формирам тимот, гледам што треба да се работи да се заврши, кој се дневните обврски и започнуваме смената.

Vrabotuvanje.com: Како се движеше процесот на унапредување, што ве мотивирање да аплицирате за позицијата Тим лидер?

Никола Тошески: После година дена вработен во компанијата како оператор во производство видов оглас бев мотивиран да аплицирам, бев повикан на разговор на истиот бев селектиран. Бев обучен на неколку обуки и почнав да работам како Тим лидер.

Никола Стевоски: После две години како оператор во производство, а секој оператор има право после шест месеци да се пријави на внатрешен оглас, јас аплицирав за позицијата Тим лидер и бев селектиран и после неколку обуки започнав со работа.

Vrabotuvanje.com: Која одговорност ја сноси позицијата Тим лидер?

Никола Тошески: Како Тим лидер одговорноста ми е да имам среќен тим, а воедно да ги постигнам таргетите.

Никола Стевоски: Да се распределат операторите на работните позиции, да се постигнат зададените таргети  и да имаме успешно сработен ден.

Vrabotuvanje.com: Како изгледа едно деловно патување и раскажете ни накратко за искуството за патувањата?

Никола Стевкоски: После двете деловни патувања стекнав нови пријателства, ново работно искуство кое ми помогна во новата работна позиција.

Никола Тошески: Од страна на травел агентите бевме подготвени целосно за патувањето во Унгарија бев на обука три недели, доста ги усовршив моите знаење, стекав многу пријатели, се стекнав со нова култура и искуството беше многу позитивно.

Vrabotuvanje.com: Некоја интересна случка/анегдота по која ќе ги паметите патувањата?

Никола Стевоски: Од патувањето во Германија интересна случка беше тоа што таму се сретнавме со луѓе односно оператори од КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ Мексико и беше интересно тоа што се трудевме да комуницираме на некој друг јазик.

Никола Тошески: Имаше повеќе анегдоти замислете тим од триесет вработени во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ Македонија на службено патување во Унгарија три недели.

Vrabotuvanje.com: Зошто КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ е вашиот втор дом?

Никола Тошески: Во КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ  пред се стекнав со многу пријатели и со луѓе кој несебично се трудат да те направат среќен, затоа КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ  е мојот втор дом.

Никола Стевоски: Сите роднини и пријатели работат во компанијата и замислете како е еден град од 6200 вработени во едно маало, секој би посакал да биде дел од тој тим. 


 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje