Vrabotuvanje.com - Вака изгледа најмалата чанта на светот: Помала е од зрно сол, а може да се види единствено под микроскоп
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Вака изгледа најмалата чанта на светот: Помала е од зрно сол, а може да се види единствено под микроскоп

Уметничкиот колектив со седиште во Њујорк „MSCHF“ знае како да го привлече медиумското внимание. Нивните црвени чизми во еден момент ги преплавија социјалните мрежи и стигнаа до сите релевантни модни магазини.

Вака изгледа најмалата чанта на светот: Помала е од зрно сол, а може да се види единствено под микроскоп

„MSCHF“ се концептуални уметници кои низ модните додатоци даваат коментар на модната индустрија. Тоа е случај и со новиот производ кој не можете да го видите со голо око – станува збор за микроскопска верзија на чантата „OnTheGo“ на Луј Витон, која е буквално помала од зрно сол.

Креативниот директор на колективот, Кевин Вајснер изјавил дека оваа чанта е коментар на луксузните мини чанти кои чинат многу, а не се функционални:

„Додатокот кој некогаш беше функционален, денес стана парче чија реална употреба е секундарна“, изјавил тој.

Чантата е во зелена боја, со висина од 0,657 милиметри и ширина од 0,7 милиметри и е направена со помош на техниката на микроскопско 3D печатење. Овој модел е избран поради бојата и обликот кој бил полесен за изработка во оваа минијатура.

Најмалата чанта на светот ќе се најде на онлајн аукција оваа недела, каде на лицитација ќе им биде достапна на луѓето ширум светот, преку платформата „Just Phriends“.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje