Vrabotuvanje.com - Зошто е добро да си дремнете попладне?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Зошто е добро да си дремнете попладне?

Редовното наоѓање време за малку сон во текот на денот е добро за мозокот и му помага да остане поголем подолго време, објави BBC, повикувајќи се на наоди од научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Зошто е добро да си дремнете попладне?
Тимот научници покажа дека мозокот на луѓето кои дремеле во текот на денот е поголем за 15 кубни сантиметри - што е еквивалент на одложување на стареењето меѓу три и шест години. Научниците препорачуваат оваа дремка да биде пократка од половина час.
 
Сепак, кратката дневна дремка е предизвик за вработените луѓе бидејќи е доста тешко да се спие на работа.
 
„Ние сугерираме дека секој може потенцијално да доживее некаква корист од дремењето“, рече д-р Викторија Гарфилд. Таа ги опиша откритијата како „прилично нови и возбудливи“.
 
Дневните дремки се важни за бебињата, па стануваат сè поретки со текот на годините, а луѓето се враќаат на дневните дремки кога ќе се пензионираат. Дваесет и седум проценти од луѓето над 65 години се релаксираат со дремење во текот на денот.
 
Д-р Гарфилд вели дека советот за кратки дневни дремки е многу полесен за спроведување отколку, на пример, губење на тежината или вежбање, што на многумина им е тешко.
 
Мозокот природно се намалува со возраста, а дали дневниот сон може да спречи болести како што е Алцхајмеровата болест, останува прашање за друга студија.
 
Извор: kajgana.com
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje