Economist Intelligence Unit (EIU) објави листа на најпогодни за живеење градови во светот во 2023 година.
Според истражувањето на EUI, списокот вклучува 173 градови ширум светот, а се одредува врз основа на повеќе фактори како што се здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина, стабилноста и безбедноста.
Така, Виена го задржа своето прво место на индексот на животна средина на EIU, добивајќи пофалби за сигурната инфраструктура, извонредната култура и забава и беспрекорните образовни и здравствени услуги. По неа следи главниот глад на Данска - Копенхаген.
Австралиските градови Мелбурн и Сиднеј се сметаат за големи повратници на овогодинешната листа, кои се на третото и четвртото место на оваа листа. Во изминатите години, Сиднеј не се ни вклучуваше во првите 10 најпогодни градови, со Мелбурн беше на 10-то место.
Интересно е што дури три града од Канада се во топ 10 најдобри градови во светот - Ванкувер (петто место), Калгари (седмо место) и Торонто (деветто место).
На листата се најде и јапонскиот град Осака кој се најде на 10-тото место. Овој град забележа благ пораст на своите културни и еколошки резултати, потпомогнати од олеснувањето на мерките за Ковид.
Во меѓувреме, Швајцарија, која важи за една од најдобрите земји за живеење, ги доби своите двајца „претставници“, и тоа Цирих, кој го зазеде шестото место и Женева, која се изедначи со Калгари на седмото место.
Извор: kajgana.com